HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамФиќо и Пегла: На Балканот никој не ги сака повеќе, Том Хенкс ги обожава

Фиќо и Пегла: На Балканот никој не ги сака повеќе, Том Хенкс ги обожава

tom-heks

Американскиот актер Том Хенкс во текот на снимањето на својот последен филм се вљубил во автомобилите кои беа популарни во поранешна Југославија. Тој на Фејсбук објави фотографии на кои се гледа како позира, како што наведе, со двата свои нови автомобили, „застава 750“ или кај нас добро познатото „фиќо, како и со „фијат 126“, познатата „пегличка“.

„Многумина се возбудени поради мојот нов автомобил“, напишал Хенкс и ја објави фотографијата со „пегличката“. Следувала и фотографијата со „фичото“.
tom-henks-2
Славниот актер не можел да им одолее на магијата на „фиќото“ и „пегличката“, па се фотографирал покрај нив во Будимпешта. Во овој град Хенкс снимил некои сцени од филмот „Инферно“ и изјавил дека за него е еден од најубавите градови на светот. Том Хенкс имал искуство со „југото“ и тоа во филмот „Драгнет“ од 1987 година, каде го „испроба“ заедно со колегата Ден Екројдом.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com