Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФИФА ја отстрани плочата со името на Блатер

ФИФА ја отстрани плочата со името на Блатер

Светската фудбалска федерација ја отстрани метална плочка со името на поранешниот претседател на оваа организација Сеп Блатер. Плочата беше истакната на влезот на зградата во Цирих од отворањето во 2007 година.

Во прилог на имињата на членовите на Извршниот комитет на ФИФА, посетителите беа во можност да ја прочитат и инаугуративната пораката на Швајцарецот. Сепак, поради корупција Блатер е под истрага, беше одлучено плочата да биде отстранета.

Блатер е суспендиран на шест години за вклучување во горенаведените скандали, како и кршење на етичкиот кодекс.