Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФИФА дозволи израелец да игра за САД

ФИФА дозволи израелец да игра за САД

Играчот од средниот ред Кени Сајеф доби дозвола денес од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за промена на националниот тим, односно тој ќе продолжи да настапува за репрезентацијата на САД.

Сајеф играше за националниот тим на Израел до 19 и 21 година. Додека за белгискиот Гент настапува од сезоната 2014/15. Тој се наоѓа во прелиминарна листа на САД од 40 играчи кој би требало да настапат на КОНКАКАФ купот.