Wednesday, Jul 26, 2017
HomeДЕНЕШНАСветФидел Кастро: Америка ни должи стотина милиони долари

Фидел Кастро: Америка ни должи стотина милиони долари

Кубанскиот лидер Фидел Кастро бара стотици милиони долари оштета од САД поради петдецениската блокада на Куба и тешките последици врз економијата и развојот на земјата. Кастро се обрати во медиумите преку есеј со кој ја опишува неправдата и е јасна порака до Џон Кери, државниот секретар на САД кој утре ќе пристигне во Хавана за историска посета.

cuba-usa

Обама покрена иницијатива за возобнова на дипломатските односи, но опозицијата во Конгресот предводена од Републиканците се противи на идејата за симнување на трговското ембарго се додека Куба не ги подобри човековите права и не се насочи кон демократија. Куба е една од „најосакатените“ држави во светот без можност за увоз на квалитетни производи, а економијата е прилично ограничена за надворешна соработка.