HomeДЕНЕШНАПолитикаФиат Цаноски ќе коалицира со СДСМ – ПЕИ ќе биде дел од опозицискиот фронт

Фиат Цаноски ќе коалицира со СДСМ – ПЕИ ќе биде дел од опозицискиот фронт

fiat-canovski-top-slajder-650x320

Фиат Цаноски одлучи да и се придружи на СДСМ и заеднички да учествуваат во опозицискиот фронт кој ќе настапи на изборите против власта на Груевски. Партијата за европска иднина (ПЕИ) денеска соопшти дека е постигнат договор за предизборно коалицирање со СДСМ и останатите коалициони партнери.

ПЕИ ќе учествува на коалиционите листи за пратеници во Втората изборна единица каде на позицијата број 15 за пратеник ќе биде предложен Сеадин Џафери, во Петтата изборна единица на позицијата 8 ќе биде предложен пратеникот Алија Камбероски и во Шестата изборна единица за кандидат за пратеник на 17 позиција ќе биде предложен Абдија Мерсоски.

Одлуките од коалициониот договор ќе бидат верификувани на седница на Централниот одбор на ПЕИ што ќе се одржи во сабота во Струга.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com