Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамFiat Chrysler во огромни проблеми – Неисправни и хакирани возила

Fiat Chrysler во огромни проблеми – Неисправни и хакирани возила

Fiat Chrysler се согласи да плати 105 милиони долари што е рекордна изречена казна од Американското министерство за сообраќај поради лошиот начин на поправка на вратени возила, а ќе мора да ги откупи сите неисправни модели на Jeep RAM од корисниците на кои им ги продале во изминатиот период или околу половина милион возила и да дозволи тригодишен надзор во процесот на прием на фабрички неисправни автомобили и сервисирање.

fiat jeep

Американските власти го обвинија Fiat Chrysler дека задоцнето реагирал со сервисните повици за проблематичните возила. Покрај тоа, италијанско американскиот производител ќе мора да ги откупи од сегашните сопственици сите возила во кои се вградени дефектните делови и во кои постои опасност возачот да ја изгуби контролата во текот на возењето. На крај, Fiat Chrysler ќе мора да постави и контролор избран од министерството за безбедност во сообраќајот.

chrysler+hacked

Fiat Chrysler има огромни проблеми и со новите возила во кои е вграден компјутерски систем Usconect кој неодамна беше хакиран и штетата може да изнесува речиси 1.5 милијарди долари. Хакерите се заканија дека преку безжична врска или интернет може да ја превземат контролата од возилото, што го принуди Fiat Chrysler да лансира итна софтверска надградба иако овие закани не се остварија.