Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмФХ3Х во мегахитот „Fantastic Four“

ФХ3Х во мегахитот „Fantastic Four“

Македонската компанија за анимација и постпродукција ФХ3Х е дел од проектот на најновиот Марвелов филм „Fantastic Four“, во соработка со MPC Tehnicolor.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик и извршен продуцент во ФХ3Х за оваа соработка изјави дека на овој проект беше ангажирана група од 20 артисти, кои во периодот од јануари и февруари годинава работеа на 94 кадри.
k5
– Филмот е модерна преработка на оригиналната приказна на најстариот Марвелов суперхеројски тим, и ова е веќе десетти Марвелов проект во кој сме вклучени. Пристапот кон модернизирањето е одличен, приказната е земена од The Ultimates, што за фановите значи свежа приказна, помлад тим и поатрактивна динамика. Овој пат во однос на ефектите во филмот, можеме да кажеме дека ликот на The Thing е целосно компјутерски изведен по пат на motion capture технологија, и само очите на актерот се оние кои не се компјутерски обработени, изјави Даниловски.

Филмот нуди една многу поинаква верзија на првото семејство на Марвел кое го видовме во 2005, овојпат со интересен и атрактивен осврт на алтернативните димензии, телепортацијата, црните дупки и невидливоста.