HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФФМ со апел до навивачите за вечерашниот натпревар Македонија-Италија

ФФМ со апел до навивачите за вечерашниот натпревар Македонија-Италија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е максимално ангажирана за организацијата на квалификацискиот натпревар за СП 2018 кој вечерва ќе се игра на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје каде гостува Италија.

– Имајќи предвид дека интересот за овој натпревар е голем и се очекува голем број навивачи, а во интерес да не се создаде несакан метеж пред влезовите на стадионот се замолуваат сите симпатизери порано да дојдат на стадион и да ги заземат своите места, апелираат од ФФМ.

Вратите на Арената ќе бидат отворени од 18:45, а ќе бидат затворени 15 минути пред почетокот на натпреварот, кој е закажан од 20:45 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com