Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФФМ ги награди младите репрезентативци со премија од 2.000 евра

ФФМ ги награди младите репрезентативци со премија од 2.000 евра

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја награди младата репрезентација до 21 година со премија во висина до 2.000 евра индивидуално за досегашните залагања во тековните квалификации за пласман на ЕП 2017.

Од ФФМ соопштија дека премија за младите фудбалери ќе следува и за евентуално изборен пласман на Европското првенство.

– Управниот одбор на ФФМ дополнително ќе ја одреди висината на премијата за евентуален пласман на селекцијата до 21 година на Европскиот шампионат во Полска, информираат од „Куќата на фудбалот“.

Македонија во петокот извојува победа на гостувањето кај Шкотска иако имаше големи проблеми со повредени играчи, а половина час беше и со фудбалер помалку.

Утре на „Филип Втори“ избраниците на селекторот Благоја Милевски ја пречекуваат Северна Ирска.