Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиФестивалот „Коачела“ оваа година во живо преку „Youtube“

Фестивалот „Коачела“ оваа година во живо преку „Youtube“

„Коачела

Еден од најпопуларните американски фестивали „Коачела“, откри дека светот во живо ќе може да го следи првиот викенд, од постоечките два колку и трае овој фестивал, по пат на „Youtube“ и да доживее дел од атмосферата која ќе се случува во Калифорнија. Во извештајот од овој фестивал стои дека по пат на три стриминг сервиси на нивниот официјален „Youtube“ канал ќе можат во живо да се следат настапите на бројни изведувачи.

За време на првиот викенд, од 15-17 април, се очекува да настапи легендарната рок група „Guns and Roses“, како и популарниот ди-џеј Калвин Харис и „LCD Soundsystem“. Заинтересираните ќе можат да одберат омилени изведувачи на сајтот на „Коачела“, на која основа и ќе се прави селекцијата на настапи.