Sunday, Sep 24, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРТеатарФестивалот ,,Гола месечина” под отворено небо

Фестивалот ,,Гола месечина” под отворено небо

стјуардеси 3

 

Со претставата ,,Стјуардеси” во режија на Синиша Евтимов вечерва свечено ќе биде отворено второто издание   на Меѓународниот фестивал на комедија ,,Гола месечина”.

Сите љубители на театарската уметност ќе имаат можност  бесплатно да проследат девет театарски претстави кои ќе бидат одиграни на фудбалското игралиште до детската градинка „Сонце“ во Реонски центар Аеродром.

СТЈУАРДЕСИ 1 - Copy

На програмата се претстави од Македонија, гостуваат Струмичкиот, Велешкиот и Прилепскиот театар. Ќе има две претстави од Драмскиот театар од Скопје и две претстави од Босна и Херцеговина, едната независна продукција од Сараево, а втората е театарот од Тузла.

Театарскиот фестивал ,,Гола месечина” има натпреварувачки карактер. За предвидените претстави својот суд ќе го даде тричленото жири составено  од професорот и писател Венко Андоновски, актерката Катерина Коцевска и режисерот Бојан Трифуновски.

Ќе се доделат четири награди, најдобра женска, најдобра машка улога, најдобра режија и Гран при.

Годинава ,фестивалот ќе трае се до 30 јуни.