HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаФејсбук криминал во Брвеница – татко и син заработија кривични

Фејсбук криминал во Брвеница – татко и син заработија кривични

СВР Тетово расветли четири кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и поднесе кривична пријава против 51-годишниот С.А. и 16-годишно лице, двајцата од тетовското село Брвеница.

Таткото и синот се сомничат дека во јуни и август годинава на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирале 5 лажни профили, на кои прибирале, обработувале и користеле лични податоци од три жителки од ова тетовско село, соопштуваат од СВР Тетово. Од полицијата информираат дека на име на две други женски лица од истото село, осомничените активирале пет сим-картички за мобилен телефон, преку еден од мобилните оператори во нашата земја.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com