HomeГИГА БАЈТПЦФејсбук и Твитер во борба против лажните вести од Велес

Фејсбук и Твитер во борба против лажните вести од Велес

zune-hd-facebook-twitter-featured-777x437

Лажните вести на социјалните мрежи имале големо влијание во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД а овие лажни вести, објавени и од велешките тинејџери, биле споделувани и по 250.000 пати.

Влијанието било толку големо што Фејсбук и Твитер почнуваат сериозно да размислуваат на оваа тема и бараат начин да ги сопрат лажните информации кои се множат на нивните мрежи.

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук, се обидува да го минимизира влијанието на оваа мрежа во победата на Трамп. Но, според сајтот Buzzfeed, некои од неговите соработници имаат спротивен став па така одлучиле да формираат неформална група за да ги проучат можните одговори на овој феномен. Феномен во кој улога игра и Македонија.

И Твитер има проблеми. Мрежата избриша повеќе профили на лица од американската ултра-десница која себе си се нарекува “alt-right” што значи “алтернативна десница”. Истовремено Твитер активираше нова функција наречена “Mute Words” (Маскирање на зборови). Таа овозможува да се маскираат известувањата за некои клучни зборови и е начин да се спречи ширење на расистички и навредливи пораки на некои од корисниците на Твитер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com