HomeАНТИСТРЕСШтосноФенг шуи совет: Ослободете се од овие работи – привлекуваат болест, сиромаштија и неволја

Фенг шуи совет: Ослободете се од овие работи – привлекуваат болест, сиромаштија и неволја

Акумулирањето на работи и нередот штетно влијаат на нормалниот живот во некој простор. Фенг шуи препорачува на одредени места во станот да се расчистат и одржуваат уредни.

Овде се подразбира и генерално средување: сортирање на работи така за сите да имаат свое место, поправки на расипано, фрлање на непотребно, неупотребливо и на сè што не е во функција, сè што не ни се допаѓа или не го употребуваме долго време.

Нередот влегува во човечкото биоенергиско поле, предизвика неорганизирано, хаотично размислување, а последично е и една неволја за друга. Навиката да чуваме, складираме, и собираме непотребни работи кои не ги користиме (под изговор дека можеби еден ден ќе ни затребаат) укажува на тоа дека длабоко во себе имаме навика да чуваме страв , тага, незадоволство, грижа.

На тој начин му праќаме две пораки на својот мозок и својот живот: да не веруваме во утре и да мислиме како ново и подобро не е за нас. Сè додека материјално и емоционално се држиме до старите бескорисни чувства, нема да има место за нови можности. Тенденцијата на пренатрупаност во просторот (исклучиво на очигледни причини кога повеќе членови живеат во мал протор) се поврзани со инстинкт на самозаштита и оградување од други чуства на несигурност.
feng-sui-pravila-za-ureden-dom-01
Работите под кревет силно го реметат здравјето, а потребата работите да се редат на полици (посебно тие над работните столови и кревети) ќе предизвикаат константно треперење од нешто неочекувано. Кога го пренатрупаме центарот, североисток или југозапад од својот простор, тогаш сме премногу загрижени за своето здравје и најчесто ја загрозуваме функцијата на панкреасот, желудникот и слезината.

Нередот на запад или североисток често ќе не ставаат во конфликтни ситуации поради неконтролираност, а белите дробови и дебелото црево стануваат чуствителна точка. Пренатрупан север ги ограничува нашите потенцијали, не спречува јасно да ги истражуваме нашите чуства, ни донесува стравови и проблеми со бубрезите.

Исток и југоисток на пренатрупаните работи ќе ви возвратат со неодлучност, конфузија, потиснат бес, но и дисфункција на црниот дроб или жолчното кесе. Нередот на југ донесува проблематично и насилно однесување, недостиг на призание, омаложување и пореметување во работата на срцето, тенкото црево и имунитетот.

Не се тие работи кои животот ги стагнира, туку ставот на чување и задржување. Кога нешто чуваме, всушност размислуваме за потребата, сиромаштво, веруваме дека утре тоа ќе ни недостасува и дека нема да можеме да ги исполниме тие потреби.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com