Фенербахче го мами Мурињо со 15 милиони евра годишно
Турскиот великан Фенербахче ќе му понуди 15 милиони евра годишно на португалскиот тренер Жосе Мурињо, пренесува локалниот магазин „Фанатик“. Претседателот на клубот Азиз Јилдрим најави дека, во случај на доаѓање на Мурињо во Истанбул, ќе потроши 50 милиони евра на засилување. Јилдрим планира големи вложувања на лето бидејќи сака да ја врати титулата првак после две години пауза, посебно бидејќи конкуренцијата е зајакната со новиот шампион Бешикташ и Галатасарај.
Првиот човек на Фенербахче и Мурињо би требало да одржат состанок во некој од наредните денови, иако Португалецот има голема желба да го превземе Манчестер Јунајтед, но само доколку Луј Ван Гал добие отказ. Мурињо ја освојуваше шампионската титула во Португалија со Порто, Англија со Челси, Италија со Интер и Шпанија со Реал Мадрид, па турскиот шампионат би можел да биде нов предизвик за Португалецот.