HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаФенербахче гостин на 70-от роденден на најтрофејниот македонски клуб „Работнички“

Фенербахче гостин на 70-от роденден на најтрофејниот македонски клуб „Работнички“

Кошаркарскиот клуб Работнички оваа година ќе прослави 70 години од постоењето. По тој повод, најтрофејниот клуб од македонското првенство ќе организира низа од настани, а сето тоа ќе започне со ревијален натпревар против екипата на Фенербахче, на 30. септември во 19.30 часот.

Во овој момент Фенербахче претставува огромен кошаркарски гигант. Во Македонија доаѓа европки вицешампион и турскиот шампион кој во најсилниот состав пристигнува кај нас на ревијален натпревар по повод 70 годишнината од постоењето на клубот. Посебна благодарност имаме и до нашиот Перо Антиќ без кого немаше да се договори овој натпревар. Работнички ќе има стабилен буџет оваа година, се преговара со уште неколку играчи, но клубот продолжува да го гради својот ростер околу исклучиво домашни играчи. Тоа беше порака со потпишувањето на Владо Илиевски“ – истакна генералниот спонзор на клубот, градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Во текот на оваа сезона ќе им оддаде чест на оние без кои Работнички немаше да биде тоа што е денес. Легендите на клубот. Во контакт сме и со навивачите на Фенербахче кои ќе присуствуваат на нашата прослава. Сакам да ги повикам сите љубители на кошарката и спортот општо да проследат еден одличен натпревар и да го гледаме нашиот клуб во едно прекрасно светло какво што заслужува да биде“ – дополни Ристо Гапиќ, претседателот на клубот.

Билетите уште утре ќе бидат пуштени во продажба, а љубителите на спортот со портокаловата топка ќе може да уживаат во овој спектакл за само 200 денари.

Телефоните во клубот постојано ѕвонат во врска со натпреварот. Продажбата на билетите започнува утре во продажните места на МКТИКЕТС. Верувам дека салата ќе биде преполна со сите искрени љубители на кошарката општо. Цената на билетот ќе биде 200 денари“ – дополни Оливер Тоновски, спортскиот директор на клубот.

Резултатот настрана, квалитетите се неспоредливи, но од таборот на „центарци“ велат дека настанот сам по себе ќе биде празник за спортот.

На мене сигурно најлесно ќе ми биде против Фенербахче (ха ха). Еднаш Жељко Обрадовиќ изгуби во Скопје (со Реал) зошто да не и вторпат. Ние сме во еден подготвителен период. Сигурно истото важи и за Фенербахче. Голема работа е што доаѓа таков клуб во Скопје, а нам резултатот ќе ни биде во втор план. По ова што ни се случува со нашата репрезентација, ова ќе биде убав момент и празник за спортот. Се надевам дека салата ќе биде полна, а ние ќе дадеме сè од себе за да се претставиме во достојно издание“ – вели Марин Докузовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com