Thursday, Mar 28, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текФејсбук факт: 4,1 милиони лајкнати постови во една минута

Фејсбук факт: 4,1 милиони лајкнати постови во една минута

Фирмата за деловен менаџмент „Домо“ објави нова инфографика во која се прикажани активностите на луѓето за само една минута на најпопуларните социјални мрежи и онлајн сервиси, како Фејсбук, Инстаграм, Нетфликс, Снепчетт или Јутјуб.

Истражувањето покажало дека речиси 1,5 милијарди корисници на популарниот Фејсбук секоја минута „лајкуваат“ 1,4 милиони постови, односно 350 милиони за само еден час.

Останатите податоци велат дека на Твитер се испраќаат речиси 350.000 твитови, а во истовреме корисниците на ЈуТјуб поставуваат дури 300 часа нов видео материјал. Во исто време, корисниците на Скајп извршиле 110.040 повици, а во исто време „симнати“ се 51.000 апликации од продавницата на Епл.