Monday, Jun 26, 2017
HomeСТУДЕНТУМФЕИТ доделува стипендии за 14 студенти од електроенергетските насоки

ФЕИТ доделува стипендии за 14 студенти од електроенергетските насоки

Денеска на Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе се доделат стипендии на студентите – бруцоши од насоката на електроенергетика.
Четиринаесетте стипендии ги доделуваат компаниите АД ЕЛЕМ – Електрани на Македонија, ЕВН-Македонија и АД МЕПСО – Македонски електропреносен систем оператор.

Исто така со награди и пофалници ќе бидат наградени и најдобрите студенти кои изминатата учебна година ја завршиле со просек 9 и над 9.