Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер се измачи против Колшрајбер

Федерер се измачи против Колшрајбер

Роџер Федерер се пласираше во третото коло од турнирот серија 500 во Базел, после тешка победа против Филип Колшрајбер со 6:4,4:6,6:4.

Швајцарскиот тенисер прлично рутински го доби првиот сет и се чинеше дека лесно ќе успее да го приведе до завршница овој натпревар.

Сепак во вториот сет, Колшрајбер го подигна нивото на својата игра и во десетиот гејм успеа да дојде до брејк, а воедно и до сет со 6:4.

Гермаанецот одигра и одличен трет сет, можеби беше и подобар ривал на теренот, но попушти на финишот од средбата. Федерер клучниот брејк го направи во деветиот гејм, а потоа сервираше за 11 победа против Колшрајбер во исто толку одиграни натпревари.

Нареден ривал на Федерер во Базел ќе биде Давид Гофан кој го победи Адријан Манарин во два сета.