Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер прв полуфиналист на Вимблдон

Федерер прв полуфиналист на Вимблдон

Швајцарецот Роџер Федерер е првиот полуфиналист на Вимблдон. Тој денес со релативно лесна победа над Жил Симон се пласираше во наредната фаза каде ќе се сретне со победникот од натпреварот Мареј- Посписил. Извонредниот Федекс до победата стигна во само три сета (6:3, 7:5, 6:2).

roger-federer-28a

 

Победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање, а на Федерер буквално се му одеше од рака. 36 винери, 11 аса и само 10 препуштени гема беа повеќе од доволни за да дојде до триумфот седумкратниот освојувач на Вимблдон.