Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер неуспешен, Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон

Федерер неуспешен, Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон

Доказот дека Новак е рекет број еден е повторно на виделина. Попладнево после скоро три часа игра, Ѓоковиќ успеа да го совлада Роже Федерер со 3:1 во сетови, односно 7:6, 6:7, 6:4 и 6:3.

Швајцарецот доста сигурно и самоуверено ја започна играта, но пропустот од брејк и две сет топки го искористи Новак кој со резултат од 7:1 во тајбрејкот го освои првиот сет.

Вториот сет беше во полза на Федерер, кој одново го изнамачи Ѓоковиќ и го однесе до тајбрејк, каде со упорни 12:10 успеа да го израмни резултатот.

Веќе во последните два сета, српскиот тенисер со малку повеќе сила од неговиот противник успеа да го собори и да ја одбрани титулата. За Новак ова е трета титула на Вимблдон и деветта во сите грем слем турнири.

Со денешното финале, тенискиот ас успеа да израмни на 20:20 во меѓусебните дуели со Федерер.