Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер ќе се натпреварува и во 2017 година

Федерер ќе се натпреварува и во 2017 година

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер има 34 години, но сеуште не е во план да се пенизионира. Тој најави дека планира да игра на турнирот серија 250 во Штутгарт во 2016 и 2017 година.

Овој турнир се игра веднаш после Роланд Гарос, а од оваа сезона овој турнир ќе се игра на тревна подлога која му е омилена на швајцарскиот тенисер.

,,Играњето во Штутгарт после завршувањето на сезоната на трева и пред стартот на Вимблдон е одлично. Јас секогаш сакам да пробувам нови работи, навистина ме интересира што ќе се случи во Штутгарт”, изјави Федерер.

Оваа година турнирот во Штутгарт го доби шпанскиот тенисер Рафаел Надал совладувајќи го Виктор Троицки во финалето.

,,Бев задоволен кога Надал го освои овој турнир минатата година, добро е да се има таков играч во првото издание. Го следев натпреварот на телевизија. Теренот ми изгледаше доста добро и при крајот на неделата”, изјави Федерер.