Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер го пропушта Индијан Велс

Федерер го пропушта Индијан Велс

Роџер Федерер се повлече од турнирот во Индијан Велс поради повреда на коленото, а се очекува да биде подготовен за турнирот во Монте Карло кој се игра од 10 до 17 април. Турнирот во Мајами и не беше во првобитните планови на Швајцарецот, а повредата го натера повторно да ги менува плановите и да биде спремен за турнирот кој се игра на земја во Монте Карло. „Годината е долга и не сакам да брзам за да се вратам порано на терените. Поради тоа за жал ќе го пропуштам турнирот во Индијан Велс, но планирам да се вратам таму следната година. После договорот со мојот тим решив да играм во Монте Карло“, напиша 34-годишниот тенисер на својата Фејсбук страница и додаде дека рехабилитацијата на неговото колено се одвива во најдобар ред.