Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер го победи Надал во финалето во Базел

Федерер го победи Надал во финалето во Базел

Роџер Федерер стигна до својата деветта титула на тенискиот турнир одигран во родниот Базел, откако во финалето го победи неговиот најголем ривал, Рафаел Надал.

Швајцарецот го доби натпреварот со 2:1 по сетови (6:3, 5:7, 6:3), по нешто повеќе од два часа игра. Ова беше прва победа за Федерер над Надал по неполни 4 години, и вкупно 11-та победа во 34-те меѓусебни дуели со Надал.

Титулата во Базел беше шеста за швајцарскиот тенисер оваа година и вкупно 88 во кариерата.