Saturday, Apr 20, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААрхеологија и ИсторијаФБИ објави невидени фотографии од нападот над Пентагон – Авионот го нема на фотографиите

ФБИ објави невидени фотографии од нападот над Пентагон – Авионот го нема на фотографиите

Американското федерално истражно биро објави досега невидени фотографии од Пентагон после терористичкиот напад на 11-ти септември 2001-ва година. Речиси 16 години подоцна, фотографиите ги прикажуваат првичните сцени после сомнителниот терористичкиот напад во кој, според САД, терористите на Ал Каеда срушија авион на „Американ Ерлајнс“ во зградата на Пентагон.
pentagon 1
Во нападот на зградата на Пентагон загинаа 189 лица, сите 59 патници и членови на екипажот, како и петте терористи кои што го киднапираа авионот. Еден од четирите киднапирани авиони кои беа искористени за терористичките напади, удри помеѓу првиот и вториот кат на зградата на Пентагон во Арлингтон во Вирџинија.
pentagon 2
Околу 30 до 45 минути претходно, авиони удрија и во зградите на Кулите близначки во Њујорк. Вкупниот број на загинати во терористичките напади на 11-ти септември изнесува 2,996, а над 6 илјади луѓе беа повредени. Инаку, низ САД на големо се зборува за таканаречената теорија на заговор, според која САД сами си го направија од неколку причини. На фотографиите не се гледа авионот, така што корисниците на социјалните мрежи велат дека ова е уште еден обид на американските власти да ја уверат јавноста дека се случило она што тие велат дека се случило.
pentagon 3

pentagon 4

pentagon 5