HomeДЕНЕШНАФБИ: Нема пријави против Бред Пит

ФБИ: Нема пријави против Бред Пит

bred-pit-f2

Американското федерално истражно биро соопшти дека нема да биде отворено никакво обвинение против популарниот актер Бред Пит, во врска со наводното негово насилно однесување во авионот за време на приватниот лет со семејството. Во вторникот од ФБИ беше соопштено дека се разгледани околностите за обвинението и дека нема да се спроведува понатамошна истрага.

Според пишувањето на медиумите, Пит наводно се однесувал насилно кон својот 15-годишен син Медокс во авионот кога семејството се враќало од одмор во Франција во септември. Неговата сопруга, актерката Анџелина Џоли, неколку дена подоцна поднесе барање за развод.

ФБИ, кој ја има надлежноста во овој случај бидејќи обвиненијата се однесуваат на инцидентот во приватен авион, порано соопшти дека ќе го истражува случајот и ќе разгледа дали има основа за продолжување на истрагата. Истрагата беше спроведена и од страна на социјална служба која пред две седмици го ослободи актерот од сите обвиненија за недолично однесување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com