Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФатени 73 мигранти во камион, возачот Велешанец приведен

Фатени 73 мигранти во камион, возачот Велешанец приведен

Изутринава во 6 часот од страна на полицијата се откриени 73 мигранти кои со камион ги криумчарел 35 годипен Велешанец. Мигрантите кои биле од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш биле превезувани во задниот дел на камионот со скопски регистерски ознаки, а биле откриени на локалниот пат од с.Речица- с.Ваксинце.

Според полицијата возачот на камионот кој е приведен, тоа го направил за одреден паричен надомест, а известен бил и јавен обвинител за натамошната постапка против него.