Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФатен на дело со бело: кој е Сенко Смаиловиќ?

Фатен на дело со бело: кој е Сенко Смаиловиќ?

Во попладневните часови,денеска, јавноста на социјалните мрежи ја разбранува информацијата дека директорот на Ј.П „Улици и Патишта“, јавно претпријатие кое се наоѓа под капата на Град Скопје, Сенад (Сенко) Смаиловиќ е фатен со кокаин во Струга овој викенд и е приведен во полициска станица.Во полицискиот билтен кој излезе денеска стои дека „лицето С.С(33) од Скопје во саботата 15.08.2020 во 22:40  вечерта е уапсено во Струга и кај него е пронајдено поголемо количество на кокаин“. Против директорот ќе биде поднесена соодветна пријава како корисник на опојни дроги.   Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, веднаш, експресно на фејсбук го разреши досегашниот директор, без образложение. Смаиловиќ е долгогодишен кадар на владејачката СДСМ, и потекнува од нејзиниот подмладок СДММ, како нејзин поранешен организационен секретар.

 

Тој доаѓа од општинската организација СДСМ-Бутел. Во јавноста порано неговото име беше актуелизирано кога се појавија информации дека зема плата од 1.700 евра, но тоа беше екпресно демантирано од негова страна, негирајќи ги таквите обвиненија, пласирајќи ја својата плата од околу 52.000 денари на увид на јавноста. Исто така,при неговото именување за прв човек на ова скопско јавно претпријатие, имаше низа шпекулации дали има дооформено високо образование, согласно законските прописи за раководење на директорска функција, бидејќи на неговиот профил стоеше „ студент на Правниот факултет во Скопје“. Сенко, потоа образложи дека има завршено факултет на приватниот универзитет ФОН. Неговата сестра Мерсиха Смаиловиќ е активист за граѓански и човекови права, на последните избори партиски активист за неговата матична партија.