Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаФатален пад во бездна: Исчезнатите татко и син биле мртви десет дена

Фатален пад во бездна: Исчезнатите татко и син биле мртви десет дена

Паднале во бездна, па диви животни ги касале, ова се претпоставките за таткото и за синот кои исчезнаа во Лазарополе и беа пронајдени во фаза на распаѓање. Оваа голема трагедија ја потресе Македонија.

Како што пишува „Утрински“, Љубомир Мицевски (78) и неговиот син Сашо (50) од Скопје, кои исчезнаа во шумскиот појас над Лазарополе, според првичните детали од обдукцијата биле мртви најмалку десет дена пред да бидат пронајдени минатата недела во реонот меѓу Гари и Лазарополе. Станува збор за ненасилна смрт. Најверојатно паднале во бездна, а потоа диви животни ги касале, но веќе биле мртви.

Пензионираното воено лице Љубомир Мицевски и синот Сашо, кој бил полицаец, исчезнаа на 14 јули. Утрото тргнале да берат печурки по патот кој добро го познавале, но се загубиле под неразјаснети околности, а потоа им се испразниле телефоните.

Ренџерите и тигрите ги пронајдоа по десетина дена, откако бараа на непристапен терен.