Wednesday, Aug 12, 2020
HomeАЈНШТАЈНИЈАФармерството како една од најголемите закани за зголемување на стакленичките гасови

Фармерството како една од најголемите закани за зголемување на стакленичките гасови

20. white-cow-in-cattle-house-69170

Метанот, еден од најопасните и најсилни стакленички гасови се искачи на рекордно ниво на концентрација, укажува нова студија. Главните виновници за ова? Земјоделството и горењето на фосилни горива.

Во 2019-та година, нашите антропогени (човечки) емисии на јаглероден диоксид (СО2) како што се горењето на фосилни горива и уништувањето на шумите, достигнаа приближно 43 милијарди метрички тони. Недостатокот на значителна акција за намалување на емисиите го помогна затоплувањето на планетата и во моментов се наоѓаме на 1.1℃ глобално затоплување од пред-индустриското ниво. Надминувањето на глобалното затоплување над 1.5℃ ќе биде катастрофално, а со оваа брзина сме на добар пат да достигнеме дури 3℃ или 4℃.

Емисиите на метан се исто така во пораст, бидејќи неговата вкупна концентрација достигна просек од околу 1875 делови на милијарда на крајот на 2019-та година. Ова е повеќе од два и пол пати повисоко од пред-индустриското ниво. И покрај тоа што нивото на СО2 во атмосферата е многу повисоко од метанот, способноста на метанот да апсорбира инфрацрвено зрачење поефикасно, го прави овој гас 86 пати повеќе потентен за глобално затоплување од СО2 во временска рамка од 20 години.

Новата студија објавена на Environmental Research Letters ги анализира глобалните нивоа на метан од 2017-та година (последната достапна статистика) и ги споредува со периодот од 2000-2006-та година.

Земјоделство, отпад и фосилни горива

Најзначајниот наод од студијата е дека над половина од метанот што се наоѓа во атмосферата потекнува од антропогени извори, главно земјоделството, отпадот и екстракцијата и употребата на фосилни горива.

Во 2017-та година, активностите во земјоделството и отпадот придонеле 60% од зголемувањето на концентрацијата на метанот главно од етерична ферментација (дигестивниот процес на добитокот), ѓубрива и депонии. Фосилните горива биле одговорни за зголемување од 40%, главно од рударството на јаглен, нафта и фосилен гас.

Природни емисии на метан

Голем дел од метанот е исто така ослободуван од природни извори како што се мочуриштата и екосистемите на слатководни води. Новата студија открила дека количината на метан во атмосферата од овие извори не е значајно променета од периодот 2000-2006-та година. Сепак, важно е да се напомене дека овие природни извори имаат тенденција да имаат голем потенцијал како понори, за зафаќање и складирање на метан и на други стакленички гасови.

Во 2017-та година, концентрацијата на метан емитиран метан во атмосферата од природни извори учествувала со помалку од 40% од вкупната количина.

Глобалниот буџет на метан за 2017-та година се заснова на методите од горе-надолу за природни извори и понори (зелена), антропогени извори (портокалова) и мешани природни и антропогени извори (искористено портокалово-зелена боја за „биомаса и гориво на биогориво“).

Емисиите на метан ширум светот

Според студијата, нивото на пораст на емисиите на метан во различни сектори не е рамномерно низ целиот свет. Јужна и Југоисточна Азија, вклучително и Кина, забележуваат значително зголемување на емисиите од секторот земјоделство, отпад и фосилни горива, а Соединетите Американски Држави пријавуваат зголемување на емисиите на метан само од фосилните горива. Европа, од друга страна, е единствениот континент каде се чини дека емисиите на метан се намалуваат. Се разбира, голема улога овде игра преносот на изворите на метан од големите индустрии како земјоделство и рударство, надвор од богатите континенти како Европа, во други делови на светот.

Роб Џексон, еден од главните автори на студијата и претседател на Global Carbon Project, ја истакнува важноста за справување со емисиите на метан преку ефективни политики кои во моментов се непостоечки:

„Јаглеродниот диоксид сè уште е ѕверот што треба да го убиеме, но затоплувањето заради емисиите од метан е следниот најважен. Агресивната акција на ова поле може да ни купи време за да се фокусираме на СО2 и да намалиме половина степен од глобалното затоплување“