Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФараж се повлекува од пост-Брегзит одговорноста: Си го сакам животот назад

Фараж се повлекува од пост-Брегзит одговорноста: Си го сакам животот назад

Најџел Фараж објави дека поднесува оставка од претседателската функција на еврофобската и антиимигрантската Партија за независност на Обединетото Кралство (ЈУКИП), откако ја постигнал целта на својот живот: излегувањето на Велика Британија од Европската унија, пренесе Франс прес.

На прес конференција тој изјави дека ја завршил својата работа, додавајќи дека никогаш не сакал да биде политичар од кариера и дека неговата цел била да ја изнесе Британија од ЕУ.

– Иако имаше тешки моменти, дефинитивно вредеше да се борам. Чувствувам дека е вистински момент да се повлечам од функцијата претседател на УКИП, изјави Фараж, додавајќи дека сака од овој момент да си го врати животот назад.

Фараж е европратеник и таму ќе остане сè додека Британија и формално не се повлече од ЕУ.

Тој ја водеше кампањата за напуштање на ЕУ од Британија. Според него излегувањето на Велика Британија е чекор “за доброто на цела Европа”.