HomeДЕНЕШНАПолитика„Фантоми“ има, а ДИК незаконски ги препраќа до МВР граѓаните кои ги пријавуваат

„Фантоми“ има, а ДИК незаконски ги препраќа до МВР граѓаните кои ги пријавуваат

nie-odlucuvame-696x509

Граѓанската иницијатива „Ние одлучуваме” предупредува дека Избирачкиот список не е прочистен и се уште има лажни гласачи. Голем број граѓани се жалеле до Државната изборна комисија дека ги нема во Избирачкиот список, дека им се изменети некои лични податоци или дека некој друг се води дека живее на нивната домашна адреса. Од ДИК пак, на граѓаните им бараат да донесат еден куп документи со кои ќе докажат дека тие се сопственици на имотот во кој живеат.

Согласно роковникот на ДИК, објавен е избирачкиот список и воспоставен на јавен увид. Како резултат на тоа досегашните повици на СОС линијата на граѓанската акција „Ние одлучуваме“, како што велат оттаму, се поврзани со запишување, дополнување и бришење од избирачкиот список, односно голем дел од повиците се во врска со непостоечки гласачи на адресите на самите јавувачи. Согласно изборниот законик, тие ги упатиле јавувачите да пријават во ДИК, којашто е надлежна за постапување во ситуации каде се прекршува изборниот законик, но од Комисијата не добиле соодветно решение, туку јавувачите биле препратени да се обратат во МВР.

„Од страна на јавувачите добивме повратна информација дека ДИК всушност ги препраќа самите јавувачи до МВР каде што од нив се бара да поведат посебно барање во врска со промена на евиденцијата на личните податоци и да достават соодветни докази, како што се имотен лист или купопродажен договор како доказ дека тие се сопственици на објектот на адресата од којашто ја пријавуваат изборната нерегуларност и принт скрин од избирачкиот список“, вели Сибел Амет од граѓанската акција „Ние одлучуваме“.

Според активистите, со ваквата постапка целиот товар паѓа врз граѓанинот кој пријавува нерегуланост која не е резултат на негово пропуштање или дејствување.

„Самата Државна изборна комисија би требало овие докази да ги прибавува по службена должност, а не да бара од граѓаните посебни постапки кои на крај евентуално ќе резултираат со нова постапка пред Државната изборна комисија за бришење на овие лица од избирачкиот список“, вели Амет.

Појасни дека постапката не е законски предвидена, напротив, со толкување на одредбите од изборниот законик произлегува дека Државната изборна комисија е таа која што е надлежна во постапување кога станува збор за бришење на податоци од избирачкиот список, а во правилникот за методологија за целосен пристап, вршење и бришење на податоци од избирачкиот список се предвидува начело на соработка помеѓу ДИК и останатите институции кои поседуваат бази на податоци меѓу кои е и МВР како и катастарот.

СОС тимот за бесплатна правна помош за граѓаните во остварувањето на нивното гласачно право достави допис до Државната изборна комисија адресирајќи го овој проблем и бараат од ДИК до заклучување на Избирачкиот список во рамките на нивните овластувања да постапат соодветно за ажурирање на Избирачкиот список и негово прочистување.

Инаку, дека Избирачкиот список не е прочистен, вчера предупредија и од Центарот за слобода-ЦИВИЛ. Во својот периодичен извештај од набљудувањето на изборниот процес, центарот констатирал повеќе од 200 фантомски гласачи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com