Wednesday, Sep 20, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаФалсификуваните лични карти не се користеле за гласање

Фалсификуваните лични карти не се користеле за гласање

Заменик министерот за внатрешни работи Митко Чатков соопшти дека почетната истрага покажала дека фалсификуваните лични карти кои беа доставени до „Фокус“ не се користеле за време на изборите и не биле дел од избирачките списоци што е проверено преку податоците на ДИК. Од јавното обвинителство кое се прогласи за надлежно за истрагата велат дека резултатите се тајни и се уште не соопштуваат детали.

Mitko-CavkovОд друга страна пак, Чавков бара да се расветли случајот докрај и да се утврди кој стои зад фалсификувањето и за која цел за да нема никакви политички дилеми. Исто така се чека на одговор каде се преостанатите 29.900 лични карти бидејќи само стотина се предадени на вештачење.

Од министерот Спасовски нема никаква реакција на новите информации за лажните лични карти иако се инсуинураше дека се користеле за изборни манипулации.