Monday, Jan 11, 2021
HomeДЕНЕШНАЕкономијаФакторинг и добавувачки факторинг како алтернативни финансиски инструменти за зголемување на ликвидноста на компаниите

Факторинг и добавувачки факторинг како алтернативни финансиски инструменти за зголемување на ликвидноста на компаниите

настан1 slika USAID

Се одржа презентација на наодите од анализата на можностите за финансирање на ланците на добавувачи на Проектот на УСАИД за факторинг спроведен од Фактор Труст. Тимот од проектот ги презентираше основните елементи за факторинг и понуди водич за македонските компании заинтересирани за користење на факторинг или добавувачки факторинг, како алтернативен финансиски инструмент.

„Од почетокот на проектот во 2017 година, потпишавме повеќе од 300 договори со мали и средни претпријатија и им помогнавме на околу 150 бизниси да добијат финансии во вредност од 3,5 милиони американски долари. Со цел да се зголеми пазарната свест за алтернативните финансиски инструменти, организиравме повеќе од 50 настани и работилници. Преку работата на овој проект, се зголеми бројот на финансиските институции кои нудат факторинг, и се креираше вкупно портфолио на факторинг од 7 милиони евра во 2017 година до над 40 милиони евра во 2020 година. “ –изјави Ловре Ристевски, директор на Проектот на УСАИД за факторинг.

На презентацијата беа нагласени придобивките од факторингот и добавувачкиот факторинг и се  истакна дека постои значително голем интерес за овие инструменти, особено на страната на побарувачката. „Забележително е дека македонскиот пазар има потенцијал за висок степен на раст, особено со користење на инструментите за финансирање на синџирот на снабдување. Оттука, едукацијата и повисокото ниво на свесност во областа на финансирањето на синџирот на снабдување и неговите инструменти во банкарскиот и деловниот сектор се клучни за поттикнување на развојот на пазарот во македонската економија“ – изјави Билјана Марковиќ, Ко-основач и Директор на ПрајмПоинт Партнерс.

Проектот на УСАИД за Факторинг е тригодишен проект кој има за  цел зголемување на конкурентноста на малите и средните претпријатија во Република Северна Македонија преку поддршка за проширување на нивните пазарни можности со искористување на алтернативни извори на финансирање. Факторингот, како еден од тие алтернативни извори на финансирање, го помага растот на претпријатијата преку обезбедување на брз пристап до финансиски средства, и забрзување на готовинскиот тек на фирмите со што се поттикнува нивниот поефикасен развој. За повеќе информации во врска со Проектот, обратете се на  http://faktortrust.com.mk/web/factoring-project-usaid/