Tuesday, Apr 16, 2024
HomeАНТИСТРЕСФакти за кафето кои можеби не сте ги знаеле

Факти за кафето кои можеби не сте ги знаеле

Кафето е утрински ритуал речиси за целиот свет. Задоволство кое не одржува будни. Напиток без кој многумина од нас не можат да си го замислат денот. Во продолжение ви презентираме неколку факти за кафето кои можеби не сте ги знаеле:

Според легендата, Оноре де Балзак пиел 50  филџани кафе на ден за да остане буден  што подолго ,за да може да пишува.

KAFE 1

Во 1674 година во петицијата ,,Жените против кафето” во Велика Британија се обиделе да воведат забрана за пиење кафе за мажи помлади од 60 години. Оваа забрана сакале да ја воведат со образложение дека пиејќи кафе мажите станале поголеми озборувачи од жените.

На  светот постојат повеќе од 50 видови кафе, а 70% од луѓето конзумираат ,,Aрабицу”, кафе со благ вкус но јака арома.

40% од вкупната количина кафе на светско ниво, се произведува во Колумбија и Бразил.

Во Африка, зрната кафе се натопуваат во вода, се мешаат со зачин и се служат како колачи.

Индустријата за производство на кафе вработува околу 25 милиони луѓе ширум светот.

Првите Европјани кои тргувале со кафе биле Холанѓаните.

3 од 5 луѓе тврдат дека не можат да го започнат денот без кафе.

Турците своите кафулиња ги нарекуваат ,,училишта за мудри”.

KAFE 3

Во Јемен и Арабија кафеботи било сметано за чудотворен лек кој се пиел само со препорака од лекар.  Многумина, кафето го доживувале како стимуланс на религиски визии.

Во древната арапска култура жената имала само еден легален начин да се разведе од својот сопруг. Разводот и бил дозволен доколку сопругот не и обезбедувал доволно количество на кафе