Sunday, Apr 30, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонFacebook воведе тајна комуникација

Facebook воведе тајна комуникација

facebook-messenger-encryption1

Facebook соопшти дека и официјално стартувале со тестирање на опцијата за енкрипција на пораките со што треба да се заштити приватноста на комуникацијата на корисниците. Во Messenger ќе се воведе можност за комуникација еден на еден со целосна енкрипција и пораките ќе може да се прочитаат само на тој уред, па дури ниту Facebook ќе нема пристап до нив.

Исто така ќе биде поставен и тајмер и сами ќе може да одлучите во колкав период вашата порака ќе биде достапна за прикажување на примачот што ќе создаде навистина таинствена комуникација која може самата да се уништи по одредено време.

За новата технологија на енкрипција Facebook го користи „Сигнал“ протоколот создаден од стартапот Open Whisper Systems кој е еден од лидерите за безбедна и заштитена комуникација.

Извор: telefoni.mk