Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаFacebook се справува со скандалот – ја тргна цензурата од историска фотографија која доби Пулицерова награда

Facebook се справува со скандалот – ја тргна цензурата од историска фотографија која доби Пулицерова награда

Фејсбук ја тргна цензурата на историската фотографија од војната во Виетнам, на која се гледа како голо девојче бега од напалм-бомбите. Претходно, социјалната мрежа со своето лого ја покри голотијата, а директорот Марк Зукерберг беше обвинет дека ја злоупотребува моќта на социјалната мрежа и ја цензурира сликата.

Уредникот на најтиражниот норвешки весник „Афтенпостен“, Еспен Егил Хансен во отворено писмо до првиот човек на Фејсбук, Марк Зукерберг посочува на цензурата која глобалната социјална мрежа ја практикува, своеволното интервенирање без консултации и проблемите кои Фејсбук треба да ги реши за да ја подобри својата многу важна улога во светот. Весникот остро го нападна цензурирањето на историската фотографија од деветгодишната Ким Фук и го нарече првиот човек на Фејсбук „најмоќниот уредник на светот“.
istoriska-fotografija-urednik-norveski-vesnik
Компанијата првично ја бранеше својата одлука да ја цезурира сликата со образложение дека иако знае дека се работи за историска фотографија, тешко е да се прави разлика меѓу неа и други фотографии со голи деца.

Контроверзната ситуација почна кога Фејсбук ја избриша оваа фотографија откако ја постави норвешкиот писател Том Егеланд, во објава со наслов „седум фотографии што ја сменија историјата на војната“. Кога се пожалил дека му била отстранета сликата, му бил блокиран и профилот.

Драматичната фотографија, која ја снимил фотографот на Асошиејтед прес Ник Ут, доби Пулицерова награда и стана една од најславните фотографии на 20-от век.
istoriska-fotografija