Facebook и Microsoft ќе постават мега подводен кабел за супер брзини
Facebook и Microsoft започнаа со проектот MAREA за поставување на мега подводен кабел кој преку Атлантикот ќе ги поврзе САД и Европа и на овој начин ќе си обезбедат стабилна и супер брза комуникациски мрежа за одржување на нивните интернет сервиси.
Бенефит треба да добијат и корисниците кои постојано се зголемуваат со што се јавува голема потреба од нова комуникациска инфраструктура. Проектот ќе започне оваа година и треба да финишира во 2017-та со капацитет на брзина на податоци од 160 Tbps.
Извор: telefoni.mk