HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФабрегас и Ивановиќ го менуваат дресот, но не и градот и тоа уште во јануари?!

Фабрегас и Ивановиќ го менуваат дресот, но не и градот и тоа уште во јануари?!

Челси и Вест Хем се лути ривали во престолнината на Англија, а оваа зима би можеле да завршат два трансфери. Како што пренесуваат англиските медиуми, Славен Билиќ се обидува да ги доведе Фабрегас и Бранислав Ивановиќ веќе во јануари и значително да го олесни сопствениот буџет, бидејќи Шпанецот заработува дури 160.000 фунти неделно, додека на Ивановиќ му истекува договорот па се очекува да си замине.

Челси дури има идеја за возврат да го побара Димитри Паје, но тешко дека Вест Хем ќесе откаже од својот најдобар поединец во тимот. За потсетување, Челси сака да го засили својот везен ред, Фабрегас е вишок и поради тоа би можел да замине уште во јануари. Интересно ќе биде доколку го облече и дресот на трет лондонски клуб после настапите во Арсенал и Челси.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com