Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамФ1 пилотот Жил Бјанки го загуби животот

Ф1 пилотот Жил Бјанки го загуби животот

Жил Бјанки по девет месеци поминати во болница ја загуби борбата за живот и почина на 25 годишна возраст. Младиот талентиран возач во септември минатата година имаше тежок судар на патеката Сузука во Јапонија и во периодот на опоравување за кратко имаше надежи дека ќе закрепне, но повредите на главата биле премногу тешки и комплицирани.

6Jules-Bianchi-1

Од неговото семејство изјавија „Жил се бореше се до последниот момент, каков што беше и секогаш, но денес неговата борба заврши“. Бјанки за време на несреќата возеше за тимот на Маруси и е првата жртва на Ф1 по трагедијата со Аиртон Сена во 1994.