HomeГИГА БАЈТСмартфонEвтините Андроид телефони испраќаат ваши податоци во Кина

Eвтините Андроид телефони испраќаат ваши податоци во Кина

kompanija-spionski-softver-kina-tocka-2016-01

Една американска безбедносна компанија откри дека некои од евтините телефони на Андроид можеби ги испраќаат вашите податоци во Кина, а таквиот софтвер се наоѓал на повеќе од 700 милиони паметни уреди.
Американската безбедносна компанија неодамна откри дека во софтверот на некои од евтините Андроид телефони се наоѓа код кој ги испраќа сите податоци од телефонот на секои 72 часа во Кина, пренесува New York Times.

Имено, некои Андроид паметни телефони имаат инсталиран софтвер кој што ги снима разговорите, пораките и движењето на корисникот. Наводно, софтверот кој што бил создаден од кинеската компанија Shanghai Adups Technology Company се наоѓа на 700 милиони паметни телефони, но и во автомобилите и останатите паметни уреди.

Американскиот производител на телефони, BLU Products соопшти дека над 120 илјади нивни мобилни телефони се соочуваат со овој проблем, а поради тоа го унапредиле својот софтвер за да го елиминираат тој непосакуван додаток.

Од безбедносната компанија Kryptowire која што дојде до ова откритие, соопштија дека софтверот на Adups пренесувал низа на текстуални пораки, листа на контакти, повици, информации за локацијата на корисникот и други податоци на сервер во Кина.

Експертите за безбедност неретко откриваат вакви работи во електрониката, но овој пат станува збор за исклучок. Имено, се смета дека Adups намерно има дизајнирано софтвер за да им помогне на кинеските производители на телефони да го следат однесувањето на нивните корисници. Така барем покажува документот кој од Adups им го покажале на надлежните во BLU за да им го разјаснат проблемот.

Adups направиле код кој им дозволува на компаниите од голема оддалеченост да управуваат со овој софтвер, а станува збор за многу важна функција за која што корисниците не знаат. Инаку, кога производителот на телефонот го унапредува софтверот, корисниците се известуваат за тоа, како и за тоа дека ќе се користат нивните приватни податоци. Сепак, тоа не е случај со софтверот на Adups.

Според нивната официјална страница, Adups овој софтвер им го доставува на два големи кинески производители – ZTE и Huawei. Компанијата Google која што го има направено Андроид оперативниот систем за паметни телефони вели дека со тие кои што го имаат овој софтвер, се работи на тоа проблемот да биде решен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com