HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвротројката пратеници на средба со Катица Јанева и политичарите

Евротројката пратеници на средба со Катица Јанева и политичарите

vajgl-hovit-kukan-press-2

Евротројката пратеници составена од Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан ќе оствари повеќе средби во Скопје со лидерите на политичките партии, но и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Според информациите од дипломатски извори, тема на средбите ќе бидат изборите и текот на изборната кампања.

Известувачот за напредокот на Република Македонија во Европскиот парламент европратеникот Иво Вајгл, непосредно пред посетата изрази оптимизам дека изборите закажани за 11 декември ќе бидат демократски и транспарентни, што е услов за земјата за продолжување по патот кон европската и евроатланстката интеграција.

Засега нема детали дали европските пратеници ќе донесат порака за СЈО да продолжи да работи непречено и додека трае изборната кампања или пак ќе побараат зад затворени врати да се стишат истрагите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com