Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕврото се зајакна по победата на Макрон на изборите во Франција

Еврото се зајакна по победата на Макрон на изборите во Франција

Центристичкиот кандидат Емануел Макрон и лидерката на ултрадесницата Марин ле Пен освоија најмногу гласови во првиот круг од претседателските избори во Франција и се квалификуваа во вториот круг, кој ќе се одржи на 7 мај, покажаа конечните резултати што денеска ги соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Макрон освоил 23,75 отсто, а Ле Пен 21,53 отсто од гласовите, додека зад нив следен се конзервативниот кандидат Франсоа Фијон со 19,91 oтсто од освоените гласови и левичарскиот кандидат Жан Лик Меланшон со 19,64 отсто од гласовите.

Квалификувањето на Макрон и на Ле Пен во вториот круг од претседателските избори го „менува политичкиот пејзаж на Франција“ и „подготвува терен за конечната пресметка во врска со понатамошното членство на земјата во ЕУ.

Еврото денеска зајакна откако Макрон освои најмногу гласови во првиот круг, а се проценува дека ќе однесе победа и во вториот круг.

Инвеститорите насекаде во светот ги следа изборите, стравувајќи дека бранот пипулизам, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД и излегувањето на Велика Британија од ЕУ, може да доведе до победа антиевропската кандидатка Ле Пен и со тоа да ја доведе во прашање иднината на ЕУ.

Вредноста на еврото во еден момент на њујоршката берза скокна на 1,09 долар, што е највисока цена од ноември минатата година, додека на берзата во Азија утринава изнесуваше 1,0846 долари.

Еврото зајакна и во однос на јенот, од 117,07 на 119,40.