HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропските медиуми „удрија“ по Курц

Европските медиуми „удрија“ по Курц

sebastijan-kurc_2015121133834

Австрискиот „Дер Штандард“ објави два коментари за настапот на Себастиан Курц на митингот на ВМРО- ДПМНЕ во Скопје. Првиот ги опишува изјавите на шефот на австриската дипломатија како „изненадувачки“. Во подетален текст на темата насловен „Краток настап во Македонија, задоцнета лоша исплата“ настапот на Курц се става во контекст на затворањето на балканската мигрантска рута.

„Изминативе месеци, многумина се прашуваа што доби македонската влада созатворањето на границата кон Грција во март, за бегалците да не можат лесно да стигнат до Централна Европа и до Германија и со што се стави крај на големата бегалска криза. Одговорот од Скопје секогаш беше – ништо. Од неделата сите сме попаметни: наградата ја испорача лично министерот Себастијан Курц, кој дојде во Скопје за да ја поддржи национал-конзервативната ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања“ – пишува Дер Стандард.

Германскиот „Зи Дојче Цајтунг“ пишува дека Курц некогаш добил покана од „паријата која владее со Македонија десет години и повеќе од една година ги игнорира масовните протести на населението“.

„Активисти за човекови права и опозицијата се жалат на корупција, перење пари и изборите. Министерот за надворешни работи Курц ги пофали владината политика како сигурен пат кон Европската унија и затворањето на балканската рута. За жителите на Балканот кои веруваат дека демократијата е возможна во нивните земји, ваквите настапи се поразителни.“ – пишува „Зи Дојче Цајтунг“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com