Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕвропски стандард: Казни до 3000 евра за нелегално правење ракија

Европски стандард: Казни до 3000 евра за нелегално правење ракија

Традиционалната ракија е составен дел од нашата култура, но и од бугарската. Иако пијалокот се пие во овие краишта од 13-тиот или 14-от век, непосредно пред влезот на Бугарија во Европската Унија завладеел страв дека никој нема да може да пече и прави домашна ракија, па дури ни да ја послужува на свадбите. Сомнежите се покажале како делумно оправдани бидејќи жителите на Бугарија започнале да плаќаат данок на алкохол од најмалку 550 евра за сто литри по наредба од Европската Унија.

Ограниченото производство и плаќањето на данок предизвикало револт меѓу бугарските произведувачи, кои ја присилиле владата да бара промени во Брисел. Бугарија е државата која успеала да обезбеди најнизок можен данок, со што произведувачите плаќаат 1,1 евро по литар за најмногу 30 литри произведени за лична употреба, а секој литар ракија над дозволеното се наплаќа двојно повисоко.Сите казани за печење и правење ракија морале да бидат регистрирани, а царинските инспектори докажуваат колку ракија навистина била произведена. Според експертите, во Бугарија има околу 8.000 казани,а официјално се регистрирани само 2.800.

Владислав Горанов кој е Министер за финансии, наведува дека од овој данок највисока полза имало околу 370.000 евра,на алкохолните пијалоци за 2015 година, а данокот за помалите предмети моментално изнесува 225 евра за хектолитар чист алкохол. Според законските правила и прописи, правењето домашна ракија ќе се врши од јули до декември, а во првата половина од годината ќе има запечатени казни. Инаку, казните за нелегално печење и правење домашна жолта изнесуваат од 500 до 1.000 евра за физичко и од 1.000 до 3.000 евра за лице кое е правно.