Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропски ден на жртвите на криминалот од омраза

Европски ден на жртвите на криминалот од омраза

Денеска е Европски ден на жртвите од криминал на омраза прогласен од страна на Советот на Европа. Преку проектот „Унапредување на националната инфраструктура“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје од 2013 до денес, Хелсиншкиот комитет евидентрал 223 инциденти сторени поради омраза.

Со прогласувањето на Европски ден на жртвите на криминалот од омраза целта е да се воспостави ден за признавање на проблемот со криминалот од омраза во Европа, да се даде поддршка на жртвите, да се потврди заложбата за мониторирање, спроведување на законот и подигање на јавната свест со цел таквите кривични дела да се осудат и спречат. Криминал од омраза, истакнуваат од Комисијата за заштита од дискриминација, претставува секое кривично дело каде сторителот е мотивиран поради некоја карактеристика на жртвата како што е раса, етничка припадност, религија, политичка припадност, сексуална ориентација или друго својство.
omraza
Комисијата за заштита од дискриминација ги повикува сите граѓани кои се сведоци или жртви на инциденти од говор на омраза да ги пријават случаите, со огклед на тоа што, како што посочуваат од Комисијата и дискриминацијата преставува мотив за кривични дела од омраза.

Говор на омраза, расна дискриминација, вербална пресметка со неистомисленици, физички напади врз новинари и сопственици на медиуми. Жртвите на криминалот од омраза во Македонија се бројат се повеќе. Трендот добива загрижувачки димензии – т.н. „злосторства од омраза“ стануваат се` побрутални. Јавноста е сведок на постојани препукувања на политичките противници околу тоа кој е одговорен и кој ја подгрева ваквата состојба, но не и на соодветен одговор на надлежните институции – пишува Дојче Веле.