Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТЕвропската Унија сака да воведе 5Г мрежа

Европската Унија сака да воведе 5Г мрежа

Европската Унија планира во нардната деценија да воведе 5Г мрежа која ќе обезбеди брз безжичен интернет во сите градови и на сите јавни места. Во обраќањето околу состојбата на Унијата претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер изјави дека воведувањето на 5Г мрежата до 2025 година би овозможило два милиони работни места во Европа.

Јункер исто така додаде дека до 2020 година секој град во Европа би требало да има безжичен интернет и повика на поголеми вложувања во брзиот интернет.