Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропската тројка почна да ги „чешла“ македонските партии

Европската тројка почна да ги „чешла“ македонските партии

Европратениците на средби во Скопје. Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан попладнево во седиштето на СДСМ имаа средба со лидерот на партијата Зоран Заев. По средбата тие не дадоа изјава за медиумите. Посочија дека изјава ќе дадат утре откако ќе завршат сите нивни средби во Скопје.

Вајгл, Ховит и Кукан од седиштето на СДСМ се упатија кон Канцеларијата на Европската комисија во Скопје каде што попладнево треба да се сретнат со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Исто така денеска тие имаа и разговори со високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што лидерот на оваа партија и премиер Никола Груевски е во посета на САД.

Тројцата европратеници утре треба да имаат средба во ДИК, а исто така треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева. За утре е најавена прес-конференција на европратениците.

HanВо петок пристигнува и комесарот Хан. Целта на неговата посета, според извори од ЕК, е да разговара со сите засегнати страни околу спроведувањето на политичкиот договор од Пржино кој треба да стави крај на политичката
криза.

Хан ќе направи увид во имплементацијата на Договорот, а неговата посета ќе се поклопи со повлекувањето на Премиерот Никола Груевски и изборот на преодна влада и нов премиер. Според договорот од Пржино, премиерот Никола Груевски до 15 јануари треба да поднесе оставка за да се формира нова Влада.