Sunday, Mar 26, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЕвропската Startup недела да резултира со нови компании

Европската Startup недела да резултира со нови компании

Startup-Program

Европската Startup недела се ближи кон завршетокот со последните активности на кои ќе бидат согледани и можеби најважните насоки за во идина, а тоа е институционалната поддршка на стартап екосистемот во Македонија, пристапот до финансии како и мотивацијата од Европската унија. Утре во петок (05.02.2016) со почеток во 11ч. во ЕУ инфо центарот ќе се одржи и главната конференција – “Поддршка за МКстартапс заедницата“ која што е поделена во три сесии, па така:

Day 4 Во првата сесија ќе има претставници од различни институции и организации со кои ќе се сретнете на патот кој треба да го “изодите“ кога стартувате бизнис. Ќе дознаеtе за правни работи од искусната адвокатка Мирјана Марковска, но исто така ќе имаtе можност да слушнеtе за можности за поддршка на стартапи од страна на ЕУ со делегатот Јаромир Левичек. Во оваа сесија ќе има и skype конекција со Исидоро Ласо, претставник од Европска Комисија.

Startup-Europe-WeekВо втората сесија, активни членови на македонската стартап заедница ќе ги споделат своите искуства, па ќе можеме да дознаеме за разликите од вработен до претприемач директно од Петар Ниновски, ко-основач на Brainster. Присутните ќе добијат “инструкции“ за во случај нивниот стартап да доживее неуспех, од Дарко Булдиоски, ко-основач на New Media МК, но и што ако успее и прерасне од стартап во компанија која вработува, од Теди Пејоски, ко-основач на G6.

Во третата сесија, имаме говорници кои ќе информираат за различни начини на поддршка, соработка, финансирање и инвестиции за стартапи и меѓу нив ќе бидат претставници од Фондот за иновации и технолошки развој, како и менаџерот за инвестиции од South Central Ventures.

Сите говорници може да ги најдете на веќе објавената финална агенда и иако овие настани во склоп на #SEweek16 се бесплатни, карти веќе нема, па за сите што сакаат да бидат дел од конференцијата во петок, може да исконтактираат преку маил на skopje@startupeuropeweek.eu.