HomeДЕНЕШНАСкопјеЕвропската недела на мобилност ќе се одбележи со велосипедско дефиле низ скопските улици

Европската недела на мобилност ќе се одбележи со велосипедско дефиле низ скопските улици

Утре со почеток од 10 часот, со плоштад Пела како стартна дестинација ќе се одбележи Европската недела на мобилност со богата велосипедска парада низ улиците на главниот град.

Велосипедската маршута изгледа вака: Порта Македонија – ул. Димитрие Чуповски – бул. Климент Охридски – бул. Партизански одреди, се врти кај Влае – кружниот тек – бул. Партизански одреди – бул. Илинденска – Школка, Градски Парк.
marsuta evropska nedela na mobilnostНа дефилето ќе биде присутен и заменик министерот за животна средина, Стево Темелковски и заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и Мартин Клауке, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во РМ ќе им се обратат на присутните на завршниот настан. По обраќањата следува забавна програма, како и извлекување на добитниците на лотаријата, на кои ќе им бидат доделени велосипеди како симбол на користење на алтернативни превозни средства.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com